За нас
Вори произведува конзервирани производи од овошје и зеленчук по сопствени рецепти кои ги задоволуваат потрушувачите со префинет вкус. Производите се подготвуваат од одбрани еколошки здрави плодови, кои ги има во изобилие во нашиот регион. Сите производи ги изработуваме по сопствена рецептура во која ги вклучуваме традиционалните тајни на нашите предци. Состојките од кои ги изработуваме производите се апсолутно природни без вештачки бои и ароми. Нашите производи ја дополнуваат секоја трпеза во било кое време на годината како вкусен додаток на секое јадење.
Со цел за постојано напредување во работењето, „ВОРИ” донесе одлука за имплементирање и функционирање на системот за управување со безбедноста на храната – HACCP, така да денес “ВОРИ” ги исполнува стандардите на ЕУ за квалитетна и безбедна храна ISO 22000 : 2005.
Квалитетот е нашиот главен параметар, заложба и обврска, а најдобар показател за квалитетот се постојано се поголемите побарувања за нашите производи од купувачите кои ни наложија зголемување на производството. Со тек на годините станавме едни од најголемите производители на конзервирани производи во регионот. |
| |
|
Приватната компанија Вори ДООЕЛ од Гевгелија е формирана 1990 година. Се наоѓа на границата со Грција на магистралниот пат Скопје – Солун.
Гевгелискиот регион е еколошки чиста средина, позната во светот која изобилува со квалитетно овошје и зеленчук.  |